Добредојдовте на веб-страната на планинарскиот клуб Дипсакус. Ве молиме, прочитајте ги следниве услови за користење пред да продолжите да ја користите нашата страна. Со користење на Дипсакус, се согласувате со овие услови во целина. Доколку не се согласувате со условите, Ве советуваме да не ја користите нашата страна.
Планинарскиот клуб Дипсакус содржи веб-страна со администраторски контроли. Само администраторот има привилегии за објавување на новости, пешачки тури и изминати тури.
Корисниците имаат право да се најавуваат и да се пријавуваат на различни пешачки тури кои се објавени од страна на администраторот.
За да се најавите или пријавите на тура, следете ги упатствата на веб-страницата.
Администраторот има право да објави документи и дополнителни информации за планинарскиот клуб. Корисниците може да ги симнуваат и прегледуваат овие документи.
Корисниците на Дипсакус се задолжени да ги почитуваат условите за користење и да се придржуваат до правилата и однесувањето на оваа веб-страна. Забрането е било какво нелегално и недозволено користење на веб-страницата.
Администраторот има право да одстрани или да не објави содржина која не ја почитува политиката или штети на интегритетот на веб-страната.
Изработил
Марија Попеска