Почетна

За Нас

Документи

Членство

Фотографии

Контакт

profile

Членство

Почитувани пријатели и поддржувачи на ПК Дипсакус,

Започнуваме со процесот на доброволно пристапување и зачленување во клубот. Во прилогот подолу е содржана електронската верзија на престапницата која истата можете уредно да ја пополните и испратите до нас на една од следните email адреси, [email protected] и [email protected].
За печатена верзија можете да се обратите до нас со испраќање на порака преку еден од нашите официјални профили на фејсбук или инстаграм.
По пополнувањето на пристапницата и испраќањето или предавањето на истата, ПК Дипсакус ќе изврши проверка на податоците и дополнително ќе известиме за процесот на уплата на членарината.
Годишната членарина во ПК Дипсакус изнесува 400 денари.
Со оглед на тоа што ПК Дипсакус е во активно членство во Федерацијата на планински спортови, новите членови на ПК Дипсакус ќе имаат можност да бидат опфатени со поволностите кои ги нуди федерацијата за членувањето во истата.
Членските картички се стандардизирани и нив ги издава федерацијата на сите клубови-членки на истата. За секоја година федерацијата издава и маркички со кои се потврдува и заверува членарината во клубот за годината за која се уплаќа истата. Зачленувањето го потврдува и заверува овластениот претставник на клубот, Претседателот.

Со зачленување во ПК Дипсакус Вевчани, секој член добива еднаква можност за учество во понатамошната работа и активности на клубот, како активен член од годишното собрание на кои се носат бројни одлуки за работата на клубот и секако активно учество во сите планинарски акции и активности организирани од страна на клубот или активности на кои клубот ќе земе учество.
Зачленувањето во ПК Дипсакус и учеството на акциите и активностите на клубот е од доброволен карактер.
За секое делување против статутот и уредбите и интересите на ПК Дипсакус, по автоматски пат следува бришење или прекинување на статусот член на ПК Дипсакус - Вевчани и оневозможување за повторно зачленување или реактивација на членството.

За дополнителни информации можете да се обратите преку порака на нашите јавни гласила, на фејсбук профилот или инстаграм профилот, како и по пат на електронска пошта на следните:

Со почит,

ПК Дипсакус Вевчани
profile

Истражувајте Глобално
Грижете се Локално!

profile
Copyright © 2024 Dipsakus.mk Сите права се задржани

Изработил

Марија Попеска